Во Штип деновиве нелиценцирана фирма склучува договори со станари на станбени згради за одржување на хигиената во влезовите.
Инспекторот за домување во Општина Штип, Сашко Андонов денеска апелираше граѓаните да не склучуваат договори бидејќи фирмата нема лиценца за вршење на вакви видови на услуги, со што и склучените договори се невалидни.
-Во Штип постојат само две лиценцирани фирми, а тоа се Барбир и Станбен сервис центар. Граѓаните да бидат предупредени и да склучуваат договори само со овие две фирми, вели Андонов.
Тој истакна дека случајот ќе биде пријавен во полиција, а од страна на надлежните институции добиле одговор дека физичките лица кои се преставуваат како нова фирма немаат лиценца за вршење на вакви видови на услуги. Во Штип има 3.500 станови кои подлежат на законот за домување.