Неколку случаи на семејно насилство, сите жртви се жени

Од:

Во полицискиот билтен се евидентирани неколку случаи на семејно насилство. Речиси во сите партнер или сопруг ја нападнал партнерката, додека пак во еден од случаите внука физички ја нападнала нејзината баба.

На 02.03.2024 во 15.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Н.М.(46) од Штип затоа што во семејниот дом, по претходна расправија, физички ја нападнал својата невенчана 39-годишна сопруга, при што употребил тврд и остар предмет.

На 02.03.2024 во 16.30 часот во Полициската станица Гостивар, 36-годишна жена од Гостивар пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.И. од Гостивар.

На 02.03.2024 во 14.15 часот во Полициската станица Радовиш, 20-годишна жена од Скопје пријавила дека во домот била физички нападната од својот вонбрачен сопруг Т.Н. од Радовиш.

На 02.03.2024 во Полициската станица Свети Николе, 80-годишна жена од Свети Николе пријавила дека околу 03.00 часот во нејзиниот дом, нејзината внука А.Т.(22) физички ја нападнала и ѝ ги одзела клучевите од куќата.

За сите случаи полицијата ќе преземе соодветни мерки.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

26-годишен маж е претепан од неговата поранешна сопруга

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он