Неколку скопски села и населби утре без струја

Од:

Корисниците од селата Горно и Средно Кољари, Живиње, Сушица и Дивље утре од 8:30 до 16 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од викенд населбата во село Побожје, како и од село Глумово улица број 1 и булеварот „Митрополит Теодсиј Гологанов“ на потегот од број 160 до број 168 во општина Карпош.

Од 8:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од улиците „Петар Манџуков“, „Бутелска“, „Коле Калински“, „Марко Крале“, „Пребондова“ и „Мостарска“ во општина Бутел, а од 13 до 15. часот дел од корисниците од улица „Руди Чајавец“ од број 11 до број 25 во општина Аеродром.

Во време од 11 до 14 часот без струја ќе се и корисниците од улицата „Дамаска“ број 11 во општина Карпош, од 9:30 до 15:30 часот корисниците на дел од улицата „Демир Трајко“, од 10 до 15:30 часот дел од улицата „Пресека“ и „Сливовска“ од 9 до 15:30 часот корисниците од улицата „Арсо Мицков“ во општина Ѓорче Петров.

Од 8:30 до 11:30 часот струја ќе немаат и корисниците од улицата „Благоја Стефковски“, МТМ Телевизија, ДАС Електроник, Ацостолар, Интеграл и околните објекти во општина Гази Баба.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија АД.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза