Неколку невладини организации од Кавадарци станаа дел од Коалицијата Заедно за Европска Македонија

Од:

Претставници на неколку невладини организации од Кавадарци, пристапија и станаа дел од Коалицијата Заедно за Европска Македонија. На заедничката средба, тие дискутираа за придобивките од членството во НАТО и Европската Унија, како и за претстојниот референдум што ќе се одржи на 30 септември.

– Ние сме движење од група граѓани, здруженија на граѓани, заедници, синдикати, стопански комори, друштва, политички партии. На претстојниот референдум, согласни сме заедно и индивидуално, да ги повикаме граѓаните да излезат и да гласаат за подобра иднина, рече Сашко Петров, претседател на Здружение за ширење на демократија и демократски принципи „Проект-ЕУ” од Кавадарци.

Тој нагласи дека се горди што секојдневно расте бројот на оние кои се приклучуваат кон коалицијата Заедно за Европска Македонија.

Би можело да ве интересира

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он