Некои со маскирана душа и совест сакаа да внесат немир и паника во Струмица

Од:

Некои со маскирана душа и совест сакаа да внесат немир и паника во Струмица, оцени претседателот на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов по објавената вест дека во саботата пред одржувањето на Интернационалната карневалска вечер било лажно пријавено од маж од Кочани дека има подметнато експлозивна направа во трговски центар во Струмица.

Додаде дека и покрај тоа карневалот протекол во извонредна атмосфера и без инциденти.

-Заради тоа изразувам голема благодарност до МВР и Агенцијата што го обезбедуваше карневалот – „Никоб“. Се разбира тука не треба да ги заборавиме граѓаните на Струмица и сите учесници на карневалот, како и гостите од странство, што се придржуваа кон редот и придонесоа оваа манифестација како и досега да помине во најдобар ред, рече Александар Цицимов, претседате на ОО на Струмичкиот карневал.

Потенцираше дека во изминативе шест дена сите карневалски манифестации се одржале според планираното, а очекува дека и наредните два дена ќе поминат во најдобар ред.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри