Неисправна е водата за пиење од два селски водовода во виничко

Од:

Локалните водоводи во виничките села Липец и Лески се бактериолошки загадени и водата не треба да се употребува за пиење, готвење или за одржување на личната хигиена.

Испитувањата на примероците од вода што ги извршил Центарот за јавно здравје од Кочани покажале недозволено присуство на колиформни бактерии, а во Лески е откриено и присуство на цревни ентерококи, ешерихија коли и псевдомона аеругиноза.

Како превентивна мерка, од Центарот препорачуваат населението да се извести со поставување писмени известувања дека водата е неисправна за користење.

По барање на локалната самоуправа на Виница, испитување на водоводите се направени и во селата Лаки, Истибања, Трсино, Калиманци, Крушево, Драгобраште и Пекљани, но, таму резултатите одговараат на законските прописи и стандарди.

Анализата на примероците покажала добри резултати во исправноста на водата од физичко-хемиски аспект кај сите девет селски водоводи, но препорачано е да се врши редовна дезинфекција со хлор за да се избегнат несакани последици.

Би можело да ве интересира

Обвинителството денес започна истрага за опожарената фабрика во Виница

Фабриката „Винчини“ ќе ја обновиме и тоа пак во Виница, но потребно ни е време за тоа, велат од „Макпрогрес“

Обвинителство не може да почне со увид, пожарот во „Макпрогрес“ не е целосно изгаснат

Во Болницата во Кочани задржани се четворица пожарникари со полесни изгореници, осуммина се на Токсикологија во Скопје

18 повредени во пожарот во Макпрогрес-Винчини во Виница

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожарот во Макпрогрес ставен под контрола, неколку пожарникари повредени