Негувателка обвинета за малтретирање две деца

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против негувателка за кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

Таа во првата половина од ноември лани била ангажирана како негувателка на две деца на возраст од три години, но додека родителите биле на работа, таа постојано им викала на децата, ги навредувала и физички ги напаѓала, удирајќи ги со рака по главата и кубејќи ги за косата. Со цел да се заштитат од неа, во моментите кога им се приближувала, децата се бранеле кревајќи ги рацете кон главата.

Мајката на децата во домот поставила безбедносни камери и при прегледот на видео записот го забележала малтретирањето.

Јавниот обвинител поднел предлог за продолжување на мерката куќен притвор поради опасност од бегство или можност обвинетата да продолжи да го извршува истото кривично дело со други деца.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва