Негувателка истурила кафе на лице на дете во градинка во Скопје

Од:

Негувателка во градинка во Скопје истурила кафе на лице на дете додека тоа се наоѓало во креветче во занималната. Детето се здобило со изгореници од прв степен во пределот на очите и левата јаболчница.

Министерството за внатрешни работи (МВР), денеска соопшти дека М.Г. (33) од Скопје  пријавила дека во 12:30 часот во објектот „Чекорче“ на градинката „Срничка“ во занималната на постара предучилишна група, додека нејзината малолетна ќерка лежела во нејзиното креветче, од страна на непозната негователка било истурено кафе врз лицето на детето.

Поради здобиените изгореници родителот го однел детето на лекарски преглед во Детска хирургија-Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Од понеделник Инспекторатот ќе изрекува забрани за прием на невакцинирани деца во градинките

Орце Костов

Негувателка во Радишани тепала тригодишно дете, од насилството го загубило говорот

Орце Костов

Нема салмонела кај мострите од лицата и површините во беровската градинка што ги испитуваше Центарот за јавно здравје – Кочани

Пекевски: Се чекаат резултати по информацијата за појава на салмонела во детската градинка во Берово

Родители бараат да се постават камери во градинка во Дебар: Сакаме да знаеме како ни се третираат децата

Орце Костов