Неформална средба на АРМ, воените аташеа и НАТО советодавниот тим

Од:

Во касарната „Боро Менков“ во Куманово денеска ќе се одржи неформална средба меѓу припадниците на Министерството за одбрана, Армијата на Република Македонија, Асоцијацијата на воени аташеа и НАТО советодавниот тим.

На настанот најавено е присуство на министерот за одбрана Талат Џафери.

Неформалната средба е во организација на командантот на Здружената оперативна команда бригадниот генерал Методија Величковски. Настанот ќе биде збогатен со настапот на рок бендот „Деј офф“, а планирано е да биде отворен и мини плоштад пред Здружената оперативна команда во касарната.

Слични средби на претставниците на АРМ неколку пати досега се одржани на иницијатива на началникот на Генералштабот на АРМ.

Ваквите средби се вообичаени во земјите на НАТО и придонесуваат за зацврстување на воспоставените стандарди за дружење на персоналот надвор од работното време, стекнување на нови пријателства и размена на искуства.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он