Недостиг на вода во повисоките зони на Куманово

Од:

Граѓаните од високите зони во градот, од населбите „Карпош“, „Перо Чичо“, „Тоде Мендол“, „Пчињски пат“ и „Черкезе“ деновиве се соочуваат со недостиг на вода.

Од април годинава, ова е втор пат граѓаните од високите зони да се соочат со недостиг на вода.

Жителите од овие населби изјавија дека поради намалениот дотур на вода не можат да ја одржуваат личната и хигиената во домаќинствата и потенцираат дека проблемот дополнително ги оптоварува поради високите летни температури.

Од јавното претпоријатије „Водовод“ информираат дека од главниот вод, бај пасот и од алтренативните извори од Проевце и Бедиње добиваат вкупно 275 литри вода во секунда. Директорот на претпријатието,Горан Стојковски, денеска изјави дека оваа количина е недоволна за нормално водоснабдување во летниот период.

– Потребно е Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ да пушти дополнителни 50 литри вода во секунда преку „бај пас“ за да достигнеме до 330 литри неоходни за водоснабдување на целиот град. До вторник овие количини ги добивавме, изјави Стојковски.

Директорот на Водостопанство „Кумановско-липковско поле“, Филип Филиповски изјави оти нема запирање на вентили, но дека поради недобивањето средствата од „Водовод“ немаат можност за континуиран дотур на вода и оти и тие се соочуваат со дефекти кои не можат да ги санираат бидејќи не ги добиваат потребните пари од „Водовод“.

Би можело да ве интересира

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово