Неделкова: Никој не смее да им се заканува на судиите со разрешување или реизбор

Од:

Никој не смее да влијае врз судијата при донесување на одлуките, да му се заканува со разрешување, реизбор, да го повика на одговорност за донесена одлука“, порача претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, која ја презентираше Брионската изјава за начелата на независност во судството на Правниот факултет, пренесе Макфакс.

Довербата во судствотото е на стаклени нозе, а зголемената загриженост на јавноста за нарушување на независноста на судството, треба да биде аларм за сите актери во судскиот систем, додаде Неделкова.

„Судиите често се изложени на неофицијални влијанија и притисоци низ разни форми и начини: од носителите на политички функции кои посредно или непосредно може да влијаат на нивниот статус и кариера, од економски моќници, од непосредно заинтересирани поединци, посредници врз роднинска или колегијално-професионална основа“, рече Неделкова.

Притисоците, вели таа, не можат да се избегнат во ниту едно општество, но затоа многу е битна издржливоста и отпорот за зачувување на самостојноста и независноста на судиите.

„Влијанијата врз судиите се можни, но ако судијата се придржува до законот и етиката тогаш никој не може да влијае врз неговата работа. Интегритетот на судијата е најважен и тој е дел од судскиот систем, треба сам да ја штити личната независност и непристрасност“, истакна Неделкова.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски пак критиката на Неделкова ја прифати како конструктивна и добронамерна, но според него треба да се откријат конкретните проблеми, а не општи.

Британскиот амбасадор во земјава, Чарлс Гарет порача дека довербата во судството не може да се промени преку ноќ и дека на него треба да работат повеќе генерации и сите чинители во општеството.

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он