А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

„Недела на виното” во Неготино

by А1он11/02/2017 - 12:50150
Share0

Со предавање за примена на енолошки средства во производство на вина во домашни услови наменето за лозарите од Тиквешко и сите оние кои произведуваат домашно вино, кое се одржа во големата сала на неготинската општинска зграда, синоќа во Неготино започна традиционалната манифестација „Недела на виното”.

Добивај вести на вибер

Бројни настани се организираат во чест на верскиот празник „Свети Трифун”, кој се смета за заштитник на лозарите и винарите. Предавач беше магистер Игно Тасев, претседател на Здружението на винари од Македонија и претставник на компанијата „Тохем”.

– Многу е важно нашите домашни производители на вино да ја почитуваат традицијата во производството наследена од нивните дедовци. Но, исто така, потребно е да ги следат и новите достигнувања во винопроизводството, да знаат кои енолошки средства можат да ги користат за да произведат што е можно поквалитетно вино. Затоа што само традицијата споена со знаењето, ги дава вистинските резултати, нагласи меѓу другото Тасев.

Тој изрази задоволство што расте бројот на индивидуални винопроизводители кои полека но сигурно од аматери стануваа полупрофесионалци. Изрази надеж дека дел од нив ќе се одлучат своето мајсторство во оваа област, да го преточат во мал семеен бизнис. Се со цел развој на винарството и винскиот туризам во Тиквешко како најголем лозаро-винарски регион во Македонија.

negotinovino

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 08:51

Возач усмрти куче во Неготино кое поминуваше на улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка

Горан Наумовски02/04/2026 - 15:1202/04/2026 - 15:26

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски16/02/2026 - 12:1116/02/2026 - 12:11

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

Горан Наумовски02/01/2026 - 12:18

Леб и компир најчесто на трпезата, соковите попопуларни од виното и кафето

Горан Наумовски31/12/2025 - 08:1131/12/2025 - 09:41

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 10:1016/12/2025 - 11:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто