Со подигнување на фестивалското знаме, денеска во Демир Капија започна манифестацијата “Недела на традицијата, Свети Трифун 2016”.
Општина Неготино заедно со Центарот за едукација и вмрежување во туризмот ЦЕНЕТ, ги организираат настаните во чест на верскиот празник кој се смета за заштитник на лозарите.
Во рамки на традиционалната културно туристичка манифестација, денеска на програмата е натпреварот во најдобра традиционална трпеза.
Од Општината информираат дека претходно за сите учесници во овој натпревар, за угостителите од регионот и млади невработени лица, беше организиран семинар на тема “Нутритивноста на традиционалните јадења и пијалоци”, на кој предавач беше професор Ангела Крстаноска Василеска од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.
Учесниците изразија голема благодарност за организацијата и можноста од врвни експерти во својата област, да научат полезни работи кои ќе им помогнат во правилно практикување и искористување на потенцијалите кои ги нуди македонската традиционална кујна, со сите свои содржини и вредности.
И во наредните денови следуваат низа настани во рамките на манифестацијата посветена на “Свети Трифун”, а централната прослава е следната недела.