Не верувам дека некому ќе падне на памет да прислушува по пресудата за Мијалков, вели Заев

Од:

– Денес не верувам дека на некој ќе му падне на памет да прислушува разговори незаконски. Дванаесет години е казната. Еве, испорачана е. Тоа е пораката којашто судот ја испорача за поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков – изјави премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање по денешното обраќање во кое ја побара поддршката од членството на СДСМ за нов трет мандат в недела.

– Многу луѓе видоа некој гнев веројатно во моите очи на прес-конференцијата во вторникот кога го принудивме Сашо Мијалков да се пријави и викаат, знаете моите социјалдемократи – шефе така, цврста рака. Нема повредно од слободата и демократијата. Цврстата рака, реков, значи режим. На крајот имаме критики, основани и неосновани. Имаме секакви луѓе во државата, тоа е нашиот народ. Но, луѓе – секакви се. Важно е да имаат слобода на општење, слобода на изразување и да не се плашиме од тоа. На крајот, секој наш граѓанин одлучува што е најдобро за него, за неговото семејство и за неговата татковина Република Северна Македонија, потенцира Заев.

Истовремено, нагласи тој, целиот овој процес секако дека не е завршен.

– Прво, сите осудени луѓе имаат право на второстепеност, на Врховен суд, на Стразбур, и тоа е всушност и правниот систем. Дел луѓе се по судски рочишта, немаат свои пресуди, рече Заев.

За него како претседател на Владата, за извршната власт, е важно судските процеси да завршат со пресуди што значат констатирање на доказните постапки и законите. Ако нема докази, нагласи Заев, никој не е виновен. Ако има докази, тој порача секој да си одговара согласно доказите во судски постапки.

Би можело да ве интересира

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков

Фирма на Мијалкови должи два милиони евра за ДДВ: УЈП ги објави најголемите должници

Орце Костов