Не сопреле на знак за запирање, па излетале од пат и направиле сообраќајка

Од:

Вчера вечер во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Велес–Полициска канцеларија Градско ги лишиле од слобода 22-годишните Џ.Р. и Ф.З., двајцата од село Батинци, општина Студеничани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 418 Д од Кривичниот законик, извести МВР.

– Околу 21.40 часот на регионалниот пат Градско – Велес, полициски службеници од СВР Велес дале знак за запирање на патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.Р., а сопатник бил Ф.З.. Возилото не застанало, продолжило со движење, по што излетало од патот и удрило во паркирани патнички возила „сеат“ и „опел“ со велешки регистарски ознаки, соопшти МВР.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Х.(30) од Пакистан, додека со телесни повреди се здобиле Џ.Р., Ф.З. и М.С.А.(28), сопатник од Пакистан, констатирани во болницата во Велес. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски