Не се работи за отстапки за Македонија, туку за процес на надградба вели бугарскиот премиер

Од:

Бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за неделната емисија Панорама на Бугарската национална телевизија во врска со спорот меѓу Софија и Скопје, вели дека не станува збор за процес на отстапки, туку за процес на надградба.

На прашањето дали Бугарија треба да направи отстапки за Република Северна Македонија, Петков нагласува дека мошне јасно го изнел она што се следните чекори со соседната земја.

Појаснува дека Бугарија ќе ја надгради својата позиција со дополнителни работни групи за економија, инфраструктура, култура, во однос на мерките и политиките за влез и помош, капацитетот на Северна Македонија со цел тие да успеат на направат чекор напред кон влезот во ЕУ.

Новиот бугарски премиер изјави дека Владата си задала рок од шест месеци и затоа тој рок го изнел јасно и категорично.

Би можело да ве интересира

Петков: Не може Македонија да има подобри информации за руски шпиони во Бугарија од нашите служби

А1он

СДСМ контра Кирил Петков, ќе предложи Резолуција за Илинден во македонското Собрание

Катерина Ѓуровски

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

Орце Костов

Жељазков: За Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени

Ана Ололовска

Милков: Софија и Скопје нема заеднички да го одбележат 4 мај

Ана Ололовска