Не се бираат начини за да се спречи штрајкот во здравството

Од:

„Министерството за здравство со судска пресуда ќе го спречува лекарскиот штрајк“, оваа вест ја објави 24 вести.

Според нивните сознанија министерството го тужи самостојниот синдикат на Клинички, бидејќи наводно најавиле штрајк пред да заврши постапката за помирување.

И уште обвинува дека законот не е почитуван од страна на организаторите на штрајкот.

Според телевизијата судско рочиште е закажано на 19 септември, на само 5 дена пред започнувањето на протестот.

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска не сакаше да ја коментира оваа информација.

Власта сака по секоја цена да го осуети штрајкот на лекарите, експресно е формиран и паралелен синдикат, кој се противи на штрајк, а гранковиот синдикат кажа дека че штрајкува, но за време на паузите.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!