На денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците не помина Иницијативата на „Европски фронт“ за одржување надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани. За Иницијативата гласаа четворица членови на Комисијата на политичките партии „Европски фронт“ и СДСМ.
Пратениците-членови на ВМРО-ДПМНЕ и „Влен“ истакнаа дека тоа што не гласаа не значи дека се против одржување на надзорна расправа, туку се за опфаќање и на сите други претходни трагедии како Модуларната болница во Тетово, „Беса транс“…. Потенцираа дека додека има активна истрага за случајот во Кочани, Собранието не би било добро да одржи надзорна расправа оти, тоа, како што нагласија, би било како вршење притисок и мешање во овој процес. Потенцираа дека тие лица кои во минатиот мандат блокирале и не правеле кворум во Анкетната комисија да се расправа за трагедиите во модуларната болница и „Беса транс“ да побараат да се расправа за трагедијата во Кочани.
Пратениците-членови на СДСМ нагласија дека не е време за собирање политички поени во вакви трагедии каде животот гоизгубија 61 лице и околу 200 повредени. Пратениците од „Европски фронт“ рекоа дека со тоа што не беше изгласана потребата за одржување на надзорна расправа власта покажува, како што посочија, дека не е гласот на народот.
Основното јавно обвинителство Кочани вчера до Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерки за претпазливост за последниот 19-ти осомничен на кого беше проширена истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, информираа од Обвинителството. Бројот на осомничени за пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани достигна 52 физички и три правни лица, откако Обвинителството викендот ја прошири истрагата со уште 19 лица. Од новоосомничените, тројца се министри за економија, тројца овластени градежни инспектори во Општина Кочани, тројца директори на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), еден генерален инспектор во ДЗС, три службени лица во Министерство за економија, двајца државни секретари во Министерството за економија и четири пазарни инспектори во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата, бидејќи според Обвинителството, досега нема ниту еден доказ дека од него било побарано продолжување на лиценцата на објектот на клубот „Пулс“ во Кочани.
Од новоосомничените, тројца биле министри за економија, тројца овластени градежни инспектори во Општина Кочани, тројца директори на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), еден генерален инспектор во ДЗС, три службени лица во Министерство за економија, двајца државни секретари во Министерството за економија и четири пазарни инспектори во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата, бидејќи според Обвинителството, досега нема ниту еден доказ дека од него било побарано продолжување на лиценцата на објектот на клубот „Пулс“ во Кочани.
Поголема пратка на обрасци за пасоши се очекува да пристигне кон крајот на овој месец, изјави вечера министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вчера во изјава за медиумите истакна дека истрагата за трагедијата во Кочани не е завршена, истакнувајќи дека против секого за кого постојат докази е поднесена пријава од страна на МВР, како и дека ќе биде соодветно процесуиран секој за кој ќе се најде доказ дека е причинско-последично поврзан со предметниот кривично-правен настан од аспект на исполнување елементи на конкретно кривично дело. Според него, и МВР не е поштедено од истрагата која го опфаќа периодот од 2012 година до денес.
По акцијата во сабота за приведување на новосомничените и проширувањето на истрагата, Основниот суд Кочани завчера го прифати барањето на Обвинителството и определи 30-дневен притвор за четири лица, за шест лица куќен притвор согласно член 163 и мерки за претпазливост согласно член 146 од Кривичниот законик, а за осум лица мерка за претпазливост согласно членот 146. Имаат право на жалба во законскиот рок, во зависност од мерката што им е одредена, од 24 часа до 72 часа. Сите, како и претходните за кои беше поведена истрага, се осомничени за „Тешки дела против општата сигурност“ од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик, но не е исклучено да има обвиненија и по други кривични дела ако тимот јавни обвинители што ја води истрагата го оцени тоа.
Едногласно со 62 гласа „за“ Собранието го избра Љупчо Коцевски за нов државен јавен обвинител. Исто така едногласно, но со 63 гласа „за“ Собранието во рамките на 140-тата седница го избра и И
Како што соопшти државниот обвинител Љупчо Коцевски завчера на прес-конференција, досега е поведена истрага кон 45 физички и три правни лица. Едно од физичките лица во меѓувреме почина и против него истрагата ќе биде прекината. Дополнително се води истрага и против седум полициски службеници.
Во однос на одговорноста на локалните власти, врз основа на досегашните истражни дејствија, покрај тројцата градоначалници на Кочани кои се веќе осомничени, Обвинителството дошло до основано сомнение за можна одговорност и на тројца овластени општински градежни инспектори, кои постапиле спротивно на своите надлежности и овластувања од Законот за градење и Законот за инспекциски надзор, потенцира дека воопшто не извршиле никаква инспекциска контрола на објектот кој со години бил незаконски пренаменет од објект за лесна индустрија во угостителски објект без никакви безбедносни стандарди.
Во рамки на Дирекцијата за заштита и спасување, освен претходно осомничениот директор, истрага е поведена за уште три лица на истата функција, вклучително и актуелниот директор, како и против генералниот инспектор во Дирекцијата кој бил на таа позиција во текот на целиот период на функционирање на клубот.
Покрај претходно осомничениот министер за економија, државен секретар и уште тројца раководни службеници, сега новоосомничени се уште три лица кои во одреден период од функционирање на клубот ја извршувале функцијата министер за економија, двајца државни секретари и уште три службени лица на раководни позиции надлежни на одделите за угостителство и туризам, кои се сомничат.
„Длабоко ме допре трагедијата што ја погоди нашата пријателска земја. На мојот колега му изразив сочувство и солидарност со семејствата на жртвите и со целиот македонски народ во овој тежок м
Од аспект на Државниот пазарен инспекторат, истражните дејствија до овој момент, покрај тројца веќе осомничени, според Обвинителството, упатуваат на основани сомненија на уште четири пазарни инспектори кои биле надлежни да вршат инспекциски надзор за правилна примена на важечките закони и подзаконските акти.
Во пожарот на 16 март годинава во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 61 лице, а околу 200 млади луѓе беа повредени. Девет лица од повредените се лекуваат во болници низ Скопје, а 48 во странство. Експерти од Англија и наши доктори подготвуваат протокол за тежина на клиничката слика на пациентите од трагедијата во Кочани.
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денска ќе одржи и друга седница, на чиј дневен ред е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за процена, во второ читање.