Нема договор во Мала Речица за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Во Мала Речица заврши средбата на партиското раководство на ДУИ. Ниту денеска не е постигнат договор и нема единствен став што ќе биде одлуката на партијата на Ахмети во врска со коалицирањето со ВМРО-ДПМНЕ.

Портпаролот, Бујар Османи изјави дека разговорите ќе продолжат утре од два часот попладне и дека сите опции се уште се на маса.

Утре истекува и 20-дневниот рок на Груевски да достави до Собранието предлог состав за Влада и програма за работа или ако не обезбеди поддршка од 61 пратеник да го врати мандатот на Иванов.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански