Не кажале ни збор од говорница, а си земале по 1200 евра плата

Од:

Некои од пратениците од власта и опозицијата во изминатата година доаѓале на работа, но никогаш не дискутирале за законските решенија кои биле на дневен ред. Во изминатата година, 14 пратеници не се појавиле ниту еднаш на собраниската говорница, не предложиле закони во Собранието, ниту пак, поставиле пратеничко прашање.

Публикацијата „Мојот пратеник“ покажува дека, на пример, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на седница дошол 14 пати – но никогаш не говорел од собраниската говорница. Слично и пратеникот Мехдух Тачи од ДПА, кој пак, на седница дошол само 7 пати. Сашко Атанасов од СДСМ на седниците присуствувал 98 пати, но минатата година ниту еднаш не се појавил на говорница да дискутира или реплицира на колегите. Опозициските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Борис Змејковски и Јохан Тарчуловски пак, редовно се правдале дека се оправдано отсутни. Ниту Африм Гаши и Неџбедин Карамани од „Алтернатива“ не виделе потреба да се обратат до останатите пратеници и  да се вклучат во дискусиите при носењето на законите.

Пратеникот на Демократската партија на Србите, Иван Стоиљковиќ, исто како Ахмети, Тачи, Гаши и Карамани, доаѓал на работа – но не земал збор на собраниските седници, покажува публикацијата „Мојот пратеник“. Пратеникот Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, кој во минатото често дискутираше од собраниската говорница, во 2019 година нема поставено ниту пратеничко прашање. По стапките на Пишев постапувал и неговиот поранешен сопартиец, Крсто Мукоски, кој доаѓал на работа – но не земал збор, не предложил закон, не реплицирал, немал процедурални забелешки. Еден од поредовните пратеници кој доаѓале на седниците бил и Алија Камберовски на ПЕИ, но не учествувал во расправите.

Според Собранискиот деловник, пратеникот има право и должност да присуствува на седниците на Собранието и да учествува во работата и во одлучувањето. Уставот им гарантира дека  уживаат имунитет и не можат да бидат повикани на кривична одговорност или да бидат притворени за искажано мислење.

За оваа работа, пратениците добиваат мандат од граѓаните и тие ги  плаќаат по околу 15.000 евра годишно.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови