Не е само Талат, албанското знаме беше поставено во сите кабинети во изминативе години

Од:

Албански знамиња во кабинетите имало во сите изминати години. На сите фотографии од министрите Албанци посебно во изминатите десет години, во нивна позадина или пред нив стои покрај македонското и албанското знаме.

Вчера имаше жестоки напади поради тоа што Талат Џафери на првиот работен ден во кабинетот на претседателот на Собранието постави покрај македонското и знаме на Албанија и на Европската унија. И тоа беше вест, поголема од таа дека Џафери конечно успеа да го почне првиот рабтен ден.

Според досегашните снимки и фотографии, Талат Џафери не направи ништо ново што дотогаш и не беше пракса. До сега никој не се бунтуваше и не го критикуваше поставувањето на албанското знаме во кабинетите на сите досегашни министри и сите функционери. Тоа дури не се ни забележуваше.

Но вчера, по сите настани можеби и најточно е дека не беше моментот за поставување на било какво знаме на масата во кабинетот на претседателот на Собранието. Тоа се вика политички сенс, и слушање на гласот на граѓаните дека е доста од поени со националистичка политика и конечно стартување на едно ново, граѓанско општество ослободено од националозми, грбови, знамиња и територии.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски