НДП: Земјата има потреба од решенија, а не избори

Од:

„Национална Демократска Преродба во континуитет имал конзистентен став дека на земјата и се потребни решенија а не избори, и овој став конечно беше конфирмирано вчера на полноќ од страна на Собранието. Повлекувањето на одлуката за распуштање на Собранието е еден чекор што треба да се поздрави, но политичките партии треба да бидаат многу внимателни да не ја вовлекуваат земјата во една црна дупка, со поставување од напред нов датум за избори без решенија, за проблеми што имаат загушено државата за еден подолг период.

Национална Демократска Преродба држи конзистентен став дека проблемите во државата не се решаваат со избори бидејќи сите ние сме сведоци дека досега изборите не донесоа решенија. Сите политички партии во земјата имаат огромна одговорност да даваат максимален придонес во насока на решенија за круцијалните проблеми, пред да биде предоцна. НДП држи став дека без враќање на владеење на правото и зајакнување на институциите на државата не може да се оди на избори. Државата, повеќе од се друго има потреба за враќање на правото и демократијата во земјата, а не нов датум за избори.

НДП изјавува дека државата се наоѓа пред еден голем ризик од страна на разни деструктивни групи, и поради ова, политичките партии треба да внимаваат на нивното политичко однесување. Во овие многу значајни моменти за излез од земјата од ова длабока политичка криза од самостојувањето па се до ден денес, не може да донесеме некоја одлука со тешки последици за државата и општеството како целина. Сега е времето за големо одговорност, и не треба да се избрза во ниту еден момент со донесување на одлуки“, се вели во соопштението на НДП.

Би можело да ве интересира

Тимоние на средба со Весел Мемеди во НДП, разговарано за причините за неучество на изборите

Ландов

НДП нема да учествува на изборите поради неуспехот на албанската опозиција да формира свој блок

А1он

НДП избра ново раководство

Ана Ололовска

Заврши вториот Конгрес на НДП, Весел Мемеди избран за претседател

Ана Ололовска

НДП го поддржува консензуалниот кандидат

Ана Ололовска

Мемеди: Време е правдата да зборува

Ана Ололовска