Национална Демократска Преродба во континуитет изјавува дека земјата се наоѓа пред вистински хаос заради недостаток на владеење на правото во земјата. Недостиг на владеењето на правото во сите државни институции, без исклучок, предизвикува голема штета со сериозни последици за земјата и општеството. Овој голем недостиг на владеење на правото го храни и продолжува да храни различните екстремни криминални групи во институциите и надвор од нив, со големи последици за земјата и регионот. Имајќи во предвид дека меѓународната заедница има направено огромна инвестиција за оваа држава во однос на владеењето на правото и стабилност на државата, е крајно време кога оваа заедница треба да интервенира во одрбрана на оваа капитална инвестиција.
Национална Демократска Преродба во континуитет потенцира дека актуелните политичките актери се главните виновници за недостиг на владеењето на правото во земјата, затоа не треба да биде тешко да се лоцираат виновниците на оваа лоша игра која се прави во име на државните институции. Играта треба да заврши веднаш, во спротивно на замјата и се заканува вистиски хаос во огромни пропорции.