НДП: Уставен суд ќе го укине СЈО по распуштање на Собранието за да немаме избори

Од:

Националната демократска преродба смета дека опструкциите врз барањата на СЈО за измени во законите се привремени со цел да се создава атмосфера за да се одложат изборите на 11 декември.

– СЈО е единствена институција што се бори за владеење на правото и зајакнување на државните институции, па така мора да се заштити до крај од нападите на деструктивните сили во државата, велат за А1он од НДМ.

Според нив, Уставниот суд е во заложништво на деструктивните сили во земјата и во последен момент може да донесе одлука за укинување на СЈО по распуштање на Собранието.

– Доколку ова се случи, не само што немаме да имаме избори, туку земјава ќе падне во уште поголема криза, невидена досега, со огромни последици. Се надеваме дека прогресивните сили во земјава ќе направат се што е во нивна можност да не дојде до ова ситуација, велат од партијата за А1он.

Како што А1он претходно објави, ВМРО-ДПМНЕ крои план преку Уставниот суд да го укине Специјалното јавно обвинителство веднаш по распуштањето на Собранието, со цел пратениците да не се состанат и да не го продолжат мандатот. Со тоа сценарио, граѓаните би се вратиле повторно на улица за поддршка на СЈО, по што изборите повторно ќе се одложат.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести и судир со полицијата во Полска – премиерот Туск е обвинет за државен удар

А1он

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Обвинителите бараат итна одлука од Уставниот суд за намалените плати

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија