Во пресрет на изборните активности на НДП предводена од претседателот Руфи Османи, ги посети населените места на општината Врачиште. Во овие средби со граѓаните изборната програма на НДП ја презентира потенциалниот кандидат за пратеник Весел Мемеди и Мели Јакупи. Кандидатите за пратеници аргументираа дека оваа општина предводена од ДУИ денес е симбол на неуспехот и економската катастрофа и инфраструктура од страна на корумпираните кланови.
Претседателот на НДП Руфи Османи докажа дека негласањето на кандидатот за градоначалник од коалицијата НДП-ТДП во локалните избори 2013 ја остави оваа општина без 10 милиони евра инвестиции кои беа осигурани од градоначалникот на Истанбул, инвестици кои не можат да се реализират под раководството на ДУИ. Османи аргументира дека од страна на една тоталитарна власт кои ја прекршуваат демокрацијата, и ги озурпирале јавните и приватни медиум и ги осиромашиа албанскиот народ.
Тоталитаризмот во нашата земја почна со комплетната контрола на медиумите за да ги манипулираат граѓаните со постојани лаги, и проекти кои се ветуваат а никогаш не се реализираат. Токму овој феномен се случува во Македонија каде што ВМРО покрај целосната контрола над МТВ-1 има стекнато финанцирање преку рекламирање со јавни пари и сите други електронски, печатни, приватни, национални и локални медиуми, велат од НДП.
Според НДП, ДУИ е политичка структура што целосно го монополизирала МТВ -2 и Алсат кои слободно може да се преименува на Алсат-Дуи, со главен акционер ДУИ. На овој начин не е овозможено да се преставуват еднакво секоја политчка партија како предуслов за демократска конкуренција.
Денес Македонија е Белорусиа, Русиа и Турциа во однос на медиумите каде што владува информативниот мрак. Без целосна транспарентнос во финансирањето на политичките партии и без независни медиуми не може да има предуслови за демократски избори, потенцира Руфи Османи.