НДП: Судските седници за аферата со прислушувањето да бидаат прикажани во живо

Од:

„Национална Демократска Преродба бара од меѓународниот фактор, особено на американскиот, еднаш и засекогаш да им става крај на овие валкани игри од страна на овој автократски режим, и ова се потврди со последната игра за предлог-законот за забрана на било каква публикација на содржината од аферата со прислушувањето, предложено од страна на ДУИ-ВМРО ДПМНЕ. Овој последен предлог е кулминација на целосна деградација на овој режим, и поради ова бараме конкретна интервенција на меѓународниот фактор бидејќи овој режим е спремен да ја руши целата инвестиција на меѓународната заједница за овие последни 25 години на плурализмот во Македонија. Во спротивно ова толеранција ќе доведе до целосна анархија со огромни последици за земјава и општеството како целина.

Национална Демократска Преродба држи конзистентен став дека сите политички актери треба да одговарат за сетта штета што му е нанесена на ово општество, па така предлог-законот за забрана на секаква публикација на содржината од аферата со прислушувањето пред да се почитува договорт од Пржино во врска со формирањето на анкетната комисија од страна на собранието, не треба никако да се толерира. Во исто време, овој предлог-закон може да се предложи само после завршувањето на процедурата на специјалното обвинителство што е формирано ислучиво за да се потврди злоупотребата со аферата за преслушување. Како против одговор на овој предлог-закон, НДП предлага самите пријави од страна на специјалното обвинителство  да се прикажат во живо во сите национални телевизии, па дури и сите судски седници, со единствена цел целото општество да биде сведок на деградацијата на сите политички актери што ја имаат доведено државата до ова дереџе. Само на овој начин општеството може да биде утешена дека сите страни се искрени во нивните изјави дека му посакуваат добро на ова земја“, се вели во соопштението на НДП.

Би можело да ве интересира

Тимоние на средба со Весел Мемеди во НДП, разговарано за причините за неучество на изборите

Ландов

НДП нема да учествува на изборите поради неуспехот на албанската опозиција да формира свој блок

А1он

НДП избра ново раководство

Ана Ололовска

Заврши вториот Конгрес на НДП, Весел Мемеди избран за претседател

Ана Ололовска

НДП го поддржува консензуалниот кандидат

Ана Ололовска

Мемеди: Време е правдата да зборува

Ана Ололовска