НДП со нови кадровски решенија

Од:

Партијата на гостиварскиот градоначалник Руфи Османи, Националната демократска преродба (НДП) има нови кадровски решенија.

За секретар на партијата е избран Изет Зеќири.

Покрај тетовецот Зеќири, за партиски потпретседатели избрани се Артан Дика од Струга и Гиктен Азири од Скопје.
Централниот одбор на партијата за свој претседател го избра Зенун Исмаили од Куманово.

„Со оваа комбинација на територијална распространетост ние правиме подемократски и поквалитетен избор, виза ви другите политички партии. Но, ниту јас како претседател, ниту потпретседателите , секретарот и другите членови немаме четиригодишен мандат, бидејќи тоа ќе зависи од изборните резултати. Евентуалните незадоволства од застапувањето ќе можеме да ги консумираме и амортизираме со конкретни изборни резултати”, истакна меѓу другото претседателот Руфи Османи

Би можело да ве интересира

Тимоние на средба со Весел Мемеди во НДП, разговарано за причините за неучество на изборите

Ландов

НДП нема да учествува на изборите поради неуспехот на албанската опозиција да формира свој блок

А1он

НДП избра ново раководство

Ана Ололовска

Заврши вториот Конгрес на НДП, Весел Мемеди избран за претседател

Ана Ололовска

НДП го поддржува консензуалниот кандидат

Ана Ололовска

Мемеди: Време е правдата да зборува

Ана Ололовска