„Национална Демократска Преродба потенцира дека изборниот законик има потреба од темелни измени и сугерира дека работната група за измени и дополнување на изборниот законик треба да ги има предвид сите препораки за квалитетни измени на изборниот законик. Сите барање и пепораки се базираат на сериозната анализа од НДП, и кои се дел од препораките на меѓународните организации за мониторинг на избори како ОСБЕ-ОДИХР.
НДП истакнува дека прво треба да биде извршено чистење на избирачкиот список, со кое ќе се спречат манипулациите на владеачките партии со изборниот процес, како и создавање на еднкави услови за политичките партии во изборната трка, кој досега биле проблем за многу изборни циклуси каде се прават манипулации со над 400.000 фиктивни гласови кои фигурират во изборните листи.
Самата контрола над изборниот процес, и наоѓање на меканизми за спречување на изборните манипулации, каде што на учесниците во изборниот процес ќе и се овозможи максимална контрола за елиминација за сите сомнежи, се главната цел на НДП, но веруваме дека и другите субјекти се заинтересирани за нормалитет и надополнување на меѓународните демократски стандарди.
НДП истакува дека треба да се измени и моделот на избори, каде што од шест изборни единици неравноправни досега, и да се оди со една изборна единица со отворени листи. Тоа ќе придонесе за демократизација на општеството и на политичките партии, и би било пореален израз на политичкиот и етнчки колорит во РМ. За НДП ќе биде прифатливо и мнозински изборен модел со пропорционална поделба на изборните едници, но ова ќе беше штетно за застапеноста на помалите етнички заедници.
НДП предлага изборните органи да се деполитизираат и да бидат составени од непартиски преставници. Ако ова не може да се постигне, тогаш ДИК, Оштинските изборни комисии и избирачките одбори треба да бидат составени од сите политички партии имајќи ги во предвид добиените гласови од последните локални избори.
НДП истотака предлага дека самиот изборен процес, нарочито идентификација на гласачите, да биде реализиран со технологија за идентификација со прст, со што ќе и се избегне проблемот за гласање повеќе пати кое се реализирало до сега. Истовремено НДП предлага да се направи еден пилот проект на електронско гласање, каде што резултатите слободно би можеле да се споредат со мануелното гласање, за прифаќање на изборните резултатите од стана на сите политички партии.
НДП предлага да сите политички парти кои учестуваат на избори, ако се сомневаат за изборни нерегуларности во некои избирачки места, да имаат право од Барање за отварање на кутиите и изборниот матриал (максимум 2 до 4 избирачки места) со аутоматизам, без дебата и гласање од ДИК.
НДП истакнува дека финансирањето на политичките партии да бидат рамноправни и предизборни, да се подигне нивото на контрола на изборните трошоци од валканите пари, и ова да биде сериозно санксионирање за политичките субјекти кој ги прекршиле изборните трошоци. НДП потенцира дека политичките партии треба да се презантират рамноправно пред медиумете, особено јавните медиуми, нешто што не било практикувано до сега.
НДП истакнува дека сегашниот актуелен модел на гласање на диаспората треба да се анулира, заради големата дискриминација на диаспората, и истата е во спротивоност со уставот на земјата, каде што пратениците не се рамноправни со гласовите ште се бараат за пратеник во земјата“, се вели во соопштението на НДП.