„Националната Демократска Преродба оценува дека оваа политичка ситуација е многу сериозна и сложена, и здравата логика вели дека оваа ситуација ќе се влоши во иднина. Сето ова што се случува во последно време, е резултат на акумулирање на многу проблеми и различити злоупотреби, од независноста на државата се до ден денес. Заради оваа причина, во овие исклучителни околности се бара сите да ја одиграат нивната конструктивна улога, како политичка партија или како индивидуа, со цел да се излезе од оваа длабока криза за земјата, со сериозни општествени и индивидуални последици“, велат од НДП.
„Национална Демократска Преродба излезе на политчката сцена во декември 2012 година со организирање на првиот партиски Конгрес, како резултат на разочараноста од различни политичари во развојот на земјата во целина. Последните околности, силно го конфирмираат овој аргумент на разочараност од овие политичари, и веќе овој процес треба да ја земе вистинската насока. Имајќи во предвид дека НДП не постоела како правен субјект кога почнале да се акумулираат овие проблеми, сепак сакаме да дадеме конкретен придонес во обеледување на ова ситуација. НДП излегува со конкретен чекор со престанок на активноста на било какво јавно изразување се со цел секој да си облече лична “наметка“ на правење политика, и никој да нема можност да се сокрие зад логото на ниедна политичка партија.
Целта на оваа одлука на НДП е, да сетта вистина на правење политика за овие 24 години плурализам во земјата, да излезе на виделина, и еднаш засекогаш да се исчисти минатото на секоја јавна личност. Бараме од релевантните институциите кои поседуваат вистински инфорамции, да ги извадат сите информации, и вистинита да излезе на виделина, со цел сите граѓани на оваа земја и пошироко, да ја видат вистината. Нека овој чин, служи како лекција за сите нас, и за на наредните генерации, и никој да не се осмели да се крие зад партиското лого, но секој да си ја облече вистинската и реална облека базирана на политчка активност за овие 24 години плурализам“, се вели во соопштението на НДП.