НДП: Македонија го доби извештајот на регрес, а не на прогрес

Од:

„Национална Демократска Преродба изјавува дека последниот извештај за прогресот на Македонија е најнегативниот извештај што и е доделено досега на земјата. Овој извештај слободно може да се третира како извештај на регрес, а не на прогрес, и тоа во сите можни области. Национална Демократска Преродба држи став дека овој извештај е последна шанса што и се дава на Македонија во правец на еуроатланските структури, и тоа условен, благодарејќи на граѓаните на ова земја, а не благодарение на политичките партии. Граѓаните на ова земја се единствените заслужни за овој условен извештај, а актерите на овие политички партии се единствените заслужни за овој масивен регрес на земјата во сите можни области, што јасно се укажува во овој извештај подготвен од страна на Европска Унија.

Национална Демократска Преродба ги повикува сите локални политички актери што ја имаат доведено земјата во овој неповратен регрес, да го прифатат овој извештај како директен производ на нивното однесување, и да не обвинуваат никого за овој најнегативен извештај, освен самите себе. Нема сомневање дека однесувањето на овие политички актери имаат предизвикано вициозен круг, создавајќи услови над услови, каде на место на елиминација на условот за разрешување на проблемот со Грција, создадоа друг услов, оној на целосна имплементација на договорт од Пржино. Нема дилема дека овој извештај ги обврзува политичките партии на една итна необична интроспекција, во спротивно земјата е дестинирана во правец на хаос со огромни последици за општеството како целина“, се вели во соопштението на НДП.

 

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

ЕУ го презема првиот чекор против САД: Клучниот договор со Америка е суспендиран

„Фајненшл тајмс“: ЕУ подготвува одмазда против САД

Европските „осум“ моќни држави ѝ порачаа на Америка: Вашите закани би можеле да доведат до опасна ескалација

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд