Во согласност со донесениот став од страна на Централното Собрание на ден 1 мај, за неприфаќање на легитимитетот на парламентарните избори, Централното собрание на НДП со членовите едногласно одлучија:
1. Да се врати пратеничкиот мандат на НДП кој е добиен во изброна единица број 6,
2. Се обврзуваат сите номинирани кандидати од изборна единица број 6, да ја потпишаат декларацијата за враќање на мандатот затоа што мандатот за пратеник е добиен на име на НДП и одлуката за мандатот му припаѓа на Централното Собрание на НДП.
3. Се обврзува привремениот совет кој управува со НДП, и избраниот пратеник на НДП, Руфи Османи, во рок од три дена да поднесе оставка со сите кандидати во седиштето на Централната изборна Комисија.
4. Се обврзува привремениот совет кој управува со НДП да повика седница на Централното собрание на НДП, на која ќе се дискутураат понатамошните чекори и дејствија на НДП, на сите партиски нивоа и функсионирањето на застапеноста во општинската власт.
Привремен управен Совет, Зенун Исмаили, Весел Мемеди, Бинас Пајазити