НДП: Битка за држава, а не за власт

Од:

„Национална Демократска Преродба држел конзистентен став во врска политичката ситуација во земјава, и во континуитет има изјавено дека земјата се наоѓа во една од најдлабоките политички кризи од независноста на државата па до ден денеска. Ова политичка ситуација бара мудрост, далекувидност, и многу сериозна одговорност од сите политички субјекти во земјата, и поради ова се бара вонредна мобилизација на сите прогресивни сили во земјата за да даваат свој придонес во разрешување на политичката криза во земјата.

Политичката битка нужно треба да се направи за државата, а не за власт, бидејќи сложеноста на политичката криза не овозможува простор за 25 годишно идентично политичко однесување на борба за власт.

Национална Демократска Преродба ги повикува сите прогресивни сили во земјата да се мобилизираат заедно да даваат нивен максимален придонес за државата, владеење на правото, зајакнување на институциите, решавање на круциалните проблеми во земјата, и да ја остават на страна 25 годишна борба за власт.

Моменталната логика и однесување на сите македонски и албански политички партии дека на изборите на 11 декември ќе ја земаат власта и ќе направат вака или така, не се само наивни туку и деструктивни. Македонија треба да се спреми за мобилизација на сите прогресивни сили за една јака подолготрајна широка влада, што ќе се бори за државата, а не да се спреми за војна за некој да ја зема власта на предвидените избори на 11 декември.

Македонија не е спремна за избори на 11 декември. Изборите не се решавање на политичката криза. На Македонија и се потребни решавање на проблемите, а не избори“, се вели во соопштението на Национална Демократска Преродба.

Би можело да ве интересира

Тимоние на средба со Весел Мемеди во НДП, разговарано за причините за неучество на изборите

Ландов

НДП нема да учествува на изборите поради неуспехот на албанската опозиција да формира свој блок

А1он

НДП избра ново раководство

Ана Ололовска

Заврши вториот Конгрес на НДП, Весел Мемеди избран за претседател

Ана Ололовска

НДП го поддржува консензуалниот кандидат

Ана Ололовска

Мемеди: Време е правдата да зборува

Ана Ололовска