„Национална Демократска Преродба нагласува дека напорите на меѓународната заедница да посредува за надминивање на политичката криза е за поздравување, и дека таквите напори треба да продолжат и понатаму. Но, тоа што беше соопштено од страна на еврокомесарот Јоханес Хан не е дури ни блиско решение за политичката криза во земјата.
НДП во контуинитет држи став дека политичката криза е доста тешка и деликатна и бара длабока интервенција на меѓународната заедница, особено САД, во спротивно оваа криза ќе се продлабочи уште повеќе. Ние веруваме дека на меѓународната заедница и е јасно дека оваа криза не може да се реши со луѓе кои директно или индиректно ја предизвикаа истата. НДП нагласува дека криза се самите актери, а не процесот и начинот за решавање на кризата. Кризата не се решава преку предвремени избори, туку преку превземање на огроворност на сите актери кои денес се дел од решението.
НДП, потенцира дека меѓународната заедница, нарочито американската, треба силно да интервенира во решавање на кризата, и да не дозволи на ниеден начин актерите кои ја создадоа ова криза да бидат дел од решавањето на кризата во Македонија. Во спротивно, оваа криза не само нема да се реши, но ќе се продлабочи уште повеќе. НДП уште еднаш го искажува својот став за решавање на кризата, а тоа е, оставка на целата влада, и формирање на експертска влада со посредување на меѓународната заедница, нарочито на САД.
Проблемите во земјата се толку стажирани и продлабочени, и само да се размислува за решение со преодна влада со истите актери не е ништо друго освен аматеризам“, се вели во соопштението на НДП.