Вчерашната своевидна изборна заклетва на Никола Груевски и Зоран Заев за исполнетост на условите за избори на 11 декември дадена пред странци и потпишана на странски јазик е антимакедонски потег за рекомпонирање на политичкиот систем на Република Македонија, посочуваат од Народно движење за Македонија и ги прашуваат Никола Груевски и Зоран Заев:
-Дали им е познато дека изборите и изборниот процес се прашања што спаѓаат во рамките на внатрешната надлежност на секоја држава?
-Дали знаат дека во Во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо?
-Дали се свесни дека нивното вчерашно недржавничко однесување е пораз на идејата за суверена македонска држава?
Следните избори ќе донесат нов политички избор во Македонија. Тоа веќе им е јасно на сите.
Новата влада предводена од НДМ, по промената на власта ќе застане во одбрана на суверена, подобра и поуспешна Македонија.