НДМ: Ако изборните правила ги утврдат само ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, треба да дојде до изборна диверзија

Од:

„Ако изборните правила ги утврдат само ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, треба да дојде до изборна диверзија во земјата

Народно движење за Македонија бара од Никола Груевски и Зоран Заев како најодговорни за спроведување на изборите во април 2016 да овозможат широки консултации за изборните теми со сите регистрирани политички партии во земјата како учесници и организатори на изборни кампањи во април 2016.

Во оваа насока, НДМ предлага формирање Совет на политичките лидери, во кое би биле претставени политичките партии и во кое на едно место би била собрана целокупната домашна памет од политичките субјекти во земјата со што се отвора можност за доаѓање до најоптимални решенија за изборните теми.

Впрочем, кога се работи за беспрекорното спроведување на изборите во април 2016, со што, на своевиден начин е поврзана и евроатланската интеграција на земјата, немерлива е користа да се слушнат мислењата на сите партии во земјата, дотолку повеќе, усвоените изборни решенија на крајот ќе се однесуваат на сите партии.

Оттука, доколку ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ опстојат на сегашниот модел самостојно да ги утврдат изборните правила за наредните избори, НДМ таквиот чин ќе го смета за непристоен пазар „учество на сите партии на изборите по изборни правила усвоени само од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ„ заради што ќе ја разгледаме можноста за повик до останатите партии за изборно апстинирање, па, на изборите во април 2016 нека се појават само ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со што на своевиден начин ќе дојде до изборна диверзија во демократска Македонија“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226