Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Од:

Наводите изнесени од СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба политичка манипулација без фактичка основа. Сите податоци поврзани со наведените јавни набавки се јавно достапни и лесно проверливи преку официјалните системи на надлежните институции, реагираат од Владата на денешната прес конференција на портпаролката на СДСМ.

– Станува збор за централизирана јавна набавка за 20 министерства, спроведена со одлука на Владата, со цел зајакнување на сајбер-безбедноста на институциите. Во постапката учествувале две компании, при што избраниот понудувач доставил најповолна понуда. Постапката е спроведена законски, без забелешки и без поднесени жалби.

Во однос на втората јавна набавка, станува збор за реална потреба од софтвер за проект што беше јавно ветен, со цел зголемена транспарентност и дигитализација на институционалните процеси, вклучително и следење на договори, човечки ресурси и преглед на трошоци по институции.

Наводите за наводни привилегии и поврзаност со поединци се целосно неточни и спротивни на фактите и официјалната документација. Институциите работат транспарентно и законски, а обвинувањата без докази се обид за дефокусирање на јавноста, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски