Наумоски: СДСМ и коалицијата по 11-ти декември ќе стават крај на нееднаквоста пред законите

Од:

Во еднодецениското владеење на ВМРО ДПМНЕ не само што целосно изчезна средната класа туку благодарение на нивните политикинастана најголемата поделба помеѓу граѓаните на „наши“ и „ваши“, кадеприпадноста и верноста кон криминалните структури на ДПМНЕ значи бројни привилегии во институциите на системот, рече Мишел Наумоски, портпарол на ОО СДСМ Охрид.

СДСМ и коалицијата по 11-ти декември ќе стават крај на нееднаквоста пред законите, крај на нееднаквоста во пристапот дојавните добра и услуги каде привилегираните полесно доаѓаат до луѓе кои требада им завршат работа во администрацијата или здравството. СДСМ ќе создаде јавнаадминистрација за сите граѓани. Таа повеќе нема да биде сервис за згрижување напартиските кадри на власта чија нестручност го уништи квалитетот на услугата.

Ние ќе ставиме крај на принципот нишај врата, земај плата, каде непознат број напартиски послушници не одработуваа ниту еден работен ден, а земаа плата натовар на секој граѓанин.

СДСМ по 11ти декември ќе воспостави јавен регистар наадминистрацијата во кој ќе биде објавен вкупниот број на вработени во јавниотсектор, меѓутоа ние нема да ги бркаме луѓето од работа по принципот на ДПМНЕ,ние ќе ги ставиме во функција на граѓаните. Ќе воведеме флексибилно работновреме кое ќе започнува од 7 и 30 и 8 часот и ќе трае до 15 и 30 односно 16 часот попладне. Институциите ќе бидат достапни за граѓаните до 20 часот.

Ониеинституции кои имаат значителен обем на работа и во кои граѓаните реализираатклучни права ќе работат во две смени како би се обезбедила навремена услуга засите граѓани. Ќе создадеме стручна и ефикасна администрација која ќе даваквалитетни услуги, ќе биде транспарентна и отчетна и ќе им служи на граѓаните,а не на партиите. Во изминатите десет години, ВМРО ДПМНЕ сонивните политики се погрижија богатите да станат побогати, сиромашните уштеповеќе да осиромашат. СДСМ тоа ќе го промени. Го укинуваме таканаречениот„рамен данок“ каде сите граѓани безразлика на нивниот доход, плаќаат ист данок.И оној кој се мачи да врзе крај со крај со својата минимална плата, и оној којврти големи пари, сега плаќаат исти даноци. СДСМ ќе воведе повисок данок занајбогатите, а ќе се намалат даноците за сиромашните. Една од клучните мерки сокоја ќе обезбедиме поправедна распределба на доходот е враќање на 15% одданокот на додадена вредност на секој граѓанин за секое добро или услуга кое ќебиде платено. Тоа ќе значи повеќе приход за семејствата, но и неформалнаконтрола на издавањето на фискални сметки со што граѓаните сами стануваатданочни инспектори. Со оваа мерка, секоја година кај граѓаните ќе се враќаат 8милијарди денари со што ќе се зголемат нивните приходи, нивната куповна моќ, аќе се отстрани сивата економија. СДСМ ќе ја укине радиодифузната такса.Граѓаните повеќе нема да се плашат дека ако задоцнат со плаќањето, ќе им бидатблокирани сметки па за 190 денари радиодифузна такса да плаќаат уште 2000денари на банките за одблокирање на нивните сметки, или уште пострашно да имтропаат извршители на врата. МРТ ќе биде финансирана од државниот буџет и другисредства како и приходи од програмата на јавниот сервис и приходи на кабелскитеоператори. Во време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ од 2006тадо денес, граѓаните плаќаат 84 % поскапа струја. Ова е еден од најголемитетрошоци за секое македонско семејство кој го задава најтешкиот удар наскромниот семеен буџет. Сепак достапноста на енергијата треба да бидегарантирано право на македонските граѓани и претпријатија. За да ја намалимеенергетската сиромаштија, за нашите граѓани да плаќаат помали сметки заенергија ќе воведеме енергетски ваучери со кои ќе можат да се плаќаат сметки заелектрична и топлинска енергија, природен гас или за купување на огревни дрваили биомаса, за категоријата на граѓани опфатени со Законот за енергетскасиромаштија. Процедурите и постапките за стекнување на правото за користење наоваа помош ќе бидат едноставни и достапни за сите. СДСМ ќе ја врати и ефтинататарифа. Граѓаните ќе користат ефтина струја, не само во недела, туку целвикенд, а дополнително, ќе добијат и два часа ефтина тарифа, секој ден. Почитувани, доста беше држава на елитите, набогатите и моќните, време е да создадеме држава за граѓаните на РепубликаМакедонија, држава во која секој граѓанин е подеднакво важен. Затоа на 11тидекември заокружете го бројот 4 и гласајте за СДСМ и коалицијата, гласајте заживот во Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски