Натпреварот по меѓународно право „Жан Пикте“ по 30-ти пат во Охрид

Од:

Сто четириесет и четири студенти од 26 земји ќе учествуваат на Триесеттото издание на светски познатиот натпревар по меѓународно хуманитарно право, „Жан Пикте“, што од утре ќе се одржува во Охрид.

Младите правници, поделени во екипи од по тројца, една седмица ќе ги одмеруваат силите и знаењата, по што ќе биде избран победникот односно најдобрите познавачи на меѓународното право.

Натпреварот „Жан Пикте“ има за цел правото да излезе од рамките на учебниците и студентите да работат врз конкретни случаи на примена на хуманитарното право, што е навистина актуелно со оглед на големиот број конфликти низ целиот свет.

Финалето, што ќе биде отворено за јавноста, е закажано за в петок, 30 март. Тимовите што ќе влезат во финалето ќе дебатираат на француски и на англиски јазик, а најдобриот тим ќе биде награден од реномираното жири со кое ќе претседава вториот заменик-претседател на Меѓународниот кривичен суд, господинот Марк Перен де Бришамбо.

Официјалното отворање на натпреварот е предвидено за утре, со најавено присуство на амбасадорите на Франција и на Швајцарија, како и градоначалникот на Охрид.

Триесеттото издание на натпреварот „Жан Пикте“ е поддржано од Амбасадата на Франција, Меѓународната организација на Франкофонијата, Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Швајцарското Министерство за надворешни работи и голем број организации.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум