НАТО ќе користи „македонски јазик“ откако ќе заврши преспанскиот процес

Од:

НАТО ќе може да го користи терминот „македонски јазик“ откако ќе завршат сите процедури поврзани за Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Брисел.

Откако дел од јавноста во Македонија се побуни што вчера, прв пат, за време на церемонијата на потпишување на пристапниот протокол за НАТО, Алијансата не го искористи зборот „македонски јазик“ на својата веб страница, и покрај тоа што секогаш досега го користела, висок извор во НАТО за МИА објасни „откако Договорот од Преспа ќе биде целосно имплементиран ќе биде во можност да го користиме терминот „македонски јазик“.

Неофицијално, овој пат имало посебен притисок од грчка страна да не се користи терминот на веб сајтот само на овој ден, поради чувствителноста на процесот на ратификација на НАТО протоколот за Македонија, кој треба да се заврши утре во грчкиот Парламент. НАТО, велат, прави сѐ да не предизвика остри реакции од која било страна и да не го стави во опасност процесот на зачленување на Македонија во Алијансата.

Откако ќе се заврши процесот, НАТО ќе се врати на редовната пракса на користење на зборот македонски јазик, согласно Преспанскиот Договор и досегашната пракса, велат за МИА од НАТО.

Би можело да ве интересира

Руте: Членките на НАТО ја поддржуваат војната на Трамп против Иран

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија

Марк Руте: НАТО нема да учествува во акции против Иран

А1он

САД се повлекува, Европа го презема кормилото на НАТО