Наташа Петровска прва жена градоначалник на Битола

Од:

Наташа Петровска, првата жена градоначалник на Битола, денеска и официјално со свечена церемонија на примопредавање на функцијата, почна да раководи со општина Битола.

Овој момент е историски за нашиот град, истакна доскорешниот градоначалник Владимир Талески, кој на Петровска на симболичен начин и го предаде клучот на градот.

– Петровска убедливо победи на локалните избори, и ја честитам победата, и посакувам трпение, среќа и задоволство во работата што ќе ја работи бидејќи општина Битола не е како секоја друга општина во државата. Тоа обврзува и бара посветеност за развој на општината, истакна Талески, кој воедно се заблагодари за досегашната соработка со општинската администрација.

На свеченоста во општина Битола, новоизбраниот градоначалник Наташа Петровска јавно се заблагодари за поддршката на сите кои придонесоа за нејзиниот избор за градоначалник на Битола.

– Битола ќе биде транспарентна и отворена општина, услужна општина за сите. Својата енергија и ентузијазам, стручноста и искуството ќе ги вложам во мандатниот период. Посветеноста ќе биде моја одлика. Знам дека пред мене е многу работа и обврски. Подготвена сум да одговорам на сите задачи, а граѓаните тоа и ќе го видат, истакна Петровска на свеченоста која беше приредена во овој град.

Би можело да ве интересира

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата