Наташа Петровска: Подобри услови за сместување во битолските домови за стари лица

Од:

Кандидатот за градоначалник на Битола Наташа Петровска, заедно со кандидатите за советници од СДСМ и Коалицијата, денес ги посетија Старските домови „Сју Рајдер“ во Битола.

За време на посетата на нашите возрасни сограѓани бевме информирани за условите во кои работаат двата старски дома, како и за нивните потреби, истакна Петровска.

– Сите наши сограѓани заслужуваат достоинствен живот и во своите т.н. денови од староста. Како идна локална самоуправа ќе направиме повеќе, ќе ги зголемиме капацитетите за згрижување на стари лица, стимулирање на приватници кои што сакаат да инвестираат во зголемување на капацитетите за сместување, поттикнување на јавното-приватно партнерство, вработување нови стручни кадри потребни за овие институции, активирање на млади лица кои по пат на волонтеризам би помагале во овие институции, како и овозможување на волонтери од градот да помагаат при доставата на разни намирници или лекови во домовите на стари лица. Ние како нова локална самоуправа воедно ќе овозможиме во месните заедници да се отворат катчиња за нашите возрасни сограѓани, посочи Петровска, кандидат за градоначалник на Битола од СДСМ и Коалицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски