Наталитетот опаѓа и со 200 милиони евра потрошени за трето дете

Од:

Наталитетот во Македонија во 2018 година бил на најниско можно ниво досега и покрај бројните мерки за негово зголемување изминатите 10 години. Се родиле вкупно 21.484 бебиња од кои живородени се 21.333, за разлика од 1994 година кога имало 31.421 живородено бебе. Бројот на живородени деца, во споредба со 2017 година се намалил за 1,9 насто, објави Државниот завод за статистика.

За Министерството за труд и социјала, кое ги воведуваше додатоците за зголемување на наталитетот, намалувањето не е изненадување. Од таму велат дека е крајно време да се направи разлика меѓу социјалните и демографските политики поради чие мешање и конфузен пристап сите воведени мерки за зголемување на наталитетот не дале резултат.

„Ако ги анализираме статистичките податоци, можеме да забележиме дека и по 10 години и потрошени над 200 милиони евра додатокот за трето дете воопшто не ги даде очекуваните резултати. Наталитетот и натаму продолжи да паѓа, од 2011 до 2016 имаме пад од 13,3% на 11,1%“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

За загрижувачките бројки за наталитетот од Министерството за труд велат дека треба да се преземат мерки, но не социјални туку демографски, со многу поширок пристап.

„Со намалување на наталитетот се соочуваат повеќе земји од регионот и светот. За креирање соодветна стратегија и мерки кои би помогнале во надминување на овој проблем потребна е детална анализа и темелен пристап. Во овој процес неопходно е и учество на повеќе институции, за да можеме заеднички да создадеме мерки што ќе дадат вистински резултати и ќе придонесат за трајно надминување на овој проблем“, велат од Министерството за труд.

Поради ставот демографските политики и стимулација за зголемување на наталитетот да се бара надвор од социјалниот систем, Министерството за труд воведува реформа со која се укинува додатокот за трето дете во досегашната форма од околу 8.000 денари месечно.
„Правиме трансформацијата на родителскиот додаток, воведуваме еднократен за прво и за второ дете и со материјален цензус го условуваме додатокот за трето дете, односно право на овој надоместок, којшто и понатаму ќе се исплаќа на месечно ниво, ќе имаат само домаќинствата со минимални месечни примања“, објаснуваат од Министерството.

За ова реформа од Министерството велат дека имаат препорака на Светска банка и позитивно била оценета од ММФ, а со неа сакаат да влијаат на намалување на сиромаштијата и обезбедување подобри услови за раст и развој на децата.

Според податоците од Државниот завод за статистика, од вкупниот број живородени деца во 2018 најмногу се родиле во Куманово – 1085 и Чаир- 1026 , а најмалку во Зрновци – 11 и Вевчани -14.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Намален наталитет и негативен природен прираст во четвртиот квартал од 2023 година

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он

Помалку починати во 2022, најмногу умрени во јануари, жените подлоговечни од мажите за 4,3 години

Ана Ололовска

Зголемен бројот на туристи