Скопјанецот Ибраим Р. загинал денеска откако врз него паднала настрешница. Неговиот брат во несреќата бил тешко повреден и е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Според полицијата, немилиот настан се случил во близина на полициската станица на Бит Пазар.
Засега се знае дека двајцата браќа седеле под една од настрешниците од дуќаните. Во еден момент таа се откачила и паднала врз нив.