Наставник поттикнал ученик физички да нападне соученик

Од:

Во полициската станица Карпош, 44 – годишна жена од Скопје пријавила дека на 19.5.2023 на час во основно училиште на подрачје на општина Карпош, по претходно недоразбирање помеѓу нејзиниот малолетен син и негов соученик, наставникот го поттикнувал другиот малолетник физички да го нападне нејзиното дете.

Според пријавеното, малолетникот на 19.5.2023 во училишниот двор го турнал нејзиниот син, по што настанот е пријавен кај училишниот психолог. Истиот малолетник, според пријавителката, подолг период ги малтретирал и нејзините други два сина кои учеле со него.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Ученик во Белград имал „листа за убивање“, а на училиште донел и нож

Наставничка на час истепа ученик во Тетово

Во сообраќајка тешко повреден е малолетник во близина на Крива Паланка

Малолетник од Скопје шверцувал седум мигранти од Египет

Горан Наумовски

Шестооделенец со лисици врзал соучесник и му вперил пластичен пиштол

Се преврте багер, загина малолетник

А1он