(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Објавено видео од полицијата како пука во напаѓачот во Германија

Од:

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео, на кое се гледа како полицијата опколува и пука во 18-годишник, наводно Албанец од Косово, кој претходно избоде наставник во германскиот град Есен.

Според „Билд“, ученик нападнал наставник со нож во округот Нордфиртел и наводно го прободел во стомакот. Жртвата е тешко повредена. Според „Билд“, напаѓачот е 18-годишен косовски Албанец. Тој е ученик во училиштето каде што се случил нападот.

Кратко по злосторството, полицијата доби пријава за сомнително лице во паркот кое одговара на описот на сторителот. Кога полицијата се обиде да го провери осомничениот, тој наводно истрча директно кон полицијата со нож, a полицијата го застрелала.

Наводно видео циркулира на социјалните мрежи на кое се гледа како ученикот-напаѓач е застрелан од полицијата во паркот.

Видеото, чија автентичност сè уште не е потврдена, го прикажува ученикот-напаѓач како лази по земја додека полицаецот пука во него.

Покрај тешко повредениот наставник, и други лица добиле медицинска помош.

Најмалку 10 ученици се во шок – тие биле сведоци на инцидентот.

Би можело да ве интересира

АфД бара укинување на Европскиот парламент и промена на еврото

Денеска сончево со мала до умерена облачност

Захарова: Русија не се откажува од своето хуманитарно и културно присуство во Германија

Германија, Италија и Белгија бараат право да блокираат прописи на ЕУ

Мерц: Реформите ми се поважни од популарноста, не сакам да бидам миленик на нацијата

Затворен аеродромот во Нирнберг поради вонредна ситуација во авион

Катерина Ѓуровски