Наставничкиот пленум бара зголемување на платите на вработените во образованието

Од:

Наставничкиот пленум бара зголемување на платата на сите вработени во образованието за 20 отсто од јануари 2022 година, повикувајќи се на растот на цените на производите за секојдневни потреби и на растот на минималната плата во државава.

Во барањето кое го упатува до министерката за образование и наука Мила Царовска, Наставничкиот пленум посочува дека на анкетата што ја спровел, големо мнозинство од неговите членови се изјасниле дека се незадоволни од сегашните примања на вработените во образовните институции.

– Вработените во образованието заслужуваат подобар животен стандард и повеќе средства за егзистенција и поради тоа бараме од Вас сериозно да пристапите кон нашето барање и да го реализирате, наведува Пленумот во барањето до Царовска.

Би можело да ве интересира

Наставнички пленум бара пократки часови во наставата со физичко присуство

А1он

Наставнички пленум: Повисоки плати или бојкот на наставата од септември

Наставнички пленум: Голем дел од наставниците се незадоволни од одлуката за кратење на платите

А1он

Наставнички пленум ќе формира синдикат

Наум Локоски

Реакција на Наставничкиот пленум по повод најавените 5% зголемување на платите објавени во Предлог-буџетот за 2018 г.

Ана Ололовска

Наставнички пленум бара враќање на надлежностите кои ги има локалната самоуправа кај МОН

Наум Локоски