А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Наставнички пленум: Голем дел од наставниците се незадоволни од одлуката за кратење на платите

by А1он22/04/2020 - 16:051074
Share0

Од „Наставничкиот пленум“ реагираат дека голем дел од наставниците се незадоволни од одлуката за кратење на платите.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Соочени со апсурдниот феномен кратење на т.н. додатоци на плата за месеците април и мај напоменуваме дека по донесувањето на уредбата за организирање настава во вонредни услови (почнувајќи од 23 март годинава) ние наставниците бевме принудени како знаеме и умееме со техника и технички можности со кои самите располагаме, претежно со сопствени ресурси и сопствен интернет (со кој дел од нас не располагаат) и без соодветна обука, да реализираме настава во вонредни услови.

Ако денеска при вклучување на компјутерот за да ја завршиме својата работна задача, онлине предавања,спремање на тестови,прегледување на ученичките задачи и задавање задачи и во зависност од можностите на наставниците, учениците и родителите ги користиме онлине апликациите до вчера непознати за сите нас како; ZOOM conference,Google Classroom,Webex Meet итн.,изготвување на извештаји за совет на паралелки и совет на училиште,неделни извештаи за одржување на онлине часови,водење на електронски дневник,тоа бездруго значи дека наставниците и понатаму мораат да ги извршуваат своите работни задачи.Ние не сакавме ваква ситуација и не бевме спремни за онлине настава,а ни учениците и родителите.

Најголемиот број од учениците и наставниците располагаат со застарена опрема со која тешко успеваат да го реализираат овој тип настава. Во настава во вонредни услови треба да се има предвид и тоа дека е енормно тешко да се постават објективни критериуми за оценување. Оценувањето во вонредни услови бара дополнителен напор. За жал сега на површина испливаа проблемите со кои се соочивме и ние и учениците, па сега во таков сплет на околности многу потешко можеме да ги решаваме. Огромен дел од товарот во комуникацијата во овие вонредни услови падна и на стручните служби во училиштата, одделенските раководители, родителите и учениците“, пишува во соопштението на „Наставничкиот пленум“.

Следете a1on на Youtube YouTube

Според нив одлуката за кратење на платите во секторот образование е неприфатлива за голем дел од вработените.

koronavirus mkdnastavnicki plenum

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео