Наставата прекината во училишта од општините Струмица, Радовиш и Свети Николе

Од:

Обилните врнежи што го зафатија Струмичко во изминатите 48 часа затворија и повеќе училишта. Наставата била прекината или воопшто не се одржала и во училишта во Свети Николе и Радовиш, соопшти Министерството за образование и наука.

Во струмичкиот регион наставата е целосно прекината во основните „Св Кирил и Методиј” во Дабиле, „Маршал Тито” во Муртино, „Гоце Делчев” во Босилово, „Борис Трајковски” во Моноспитово, како и во Турново, Радово и Секирник каде што се подрачните училишта на ООУ „Св. Кирил и Методиј” од Иловица, општина Босилово.

Поради урнат мост без настава се и учениците од ридско-планинските Попчево и Рич кои учат во подрачни училишта на „Маршал Тито“ од Струмица, како и учениците во подрачното „Гоце Делчев“ во Сушево, општина Василево.

Осум наставници кои предаваат од шесто до осмо одделение во подрачното училиште во село Злеово, општина Радовиш, не успеале да пристигнат до училиштето поради урнатиот мост на Стара Река (или Радовишка Река). Училиштето се наоѓа на половина пат меѓу Радовиш и Струмица и работи во состав на ООУ „Орце Николов“ од село Ињево, општина Радовиш.

Во тоа подрачно училиште се опфатени ученици од селата Злеово и Покрајчево. Наставата од прво до петто одделение се одвива нормално затоа што одделенските наставници се од истото село и не ја преминуваат реката. Наставниците во погорните одделенија (V-VIII) доаѓаат од Радовиш и Струмица и поради нивната оневозможеност да дојдат на работа без настава се 46 ученици од четири паралелки.

МОН информира и дека скратени часови во прва смена поради прекин на електричната енергија имало во основните училишта „Даме Груев“, „Кирил и Методиј“ и „Кочо Рацин“ во општина Свети Николе, додека во подрачните на централното „Гоце Делчев“ наставата се одвива непречено.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он