Наследникот на Генчовска, Милков: Подготвуваме нов документ со кој ќе се дефинираат задачите во билатералниот протокол со Македонија

Од:

Наследникот на Теодора Генчовска во бугарското министерство за надворешни работи, в.д министерот Николај Милков рече дека една од првите обврски на преодната влада во следните два месеца ќе биде усвојување на документ кој ќе ги дефинира конкретните задачи пред инстуциите во Бугарија во однос на билатералниот протокол со Македонија.

dobivaj vesti na viber

Бугарското МНР ги дефинира како важни задачи европската интеграција на земјите од Западен Балкан, како и одбраната и надградбата на постигнатото во последните месеци во однос на европскиот пат на Република Северна Македонија.

„Непосреднa задачa во однос на билатералниот дијалог со Северна Македонија се усвојување на писмен документ со кој ќе се дефинираат конкретните задачи пред институциите во Бугарија со конкретно закажани обврски“, изјави Николај Милков за БГНЕС и додаде дека МНР ќе има брифинг за медиумите секој четврток за јавноста да биде запознаена што е направено од билатералниот протокол.

„Заменик-министерот Костадин Којабашев е и портпарол на министерството, па тој ќе ги води овие брифинзи, кои се 14 на број“, истакна Милков.
Во однос на поплаките од нашата Комисија за заштита од дискриминација дека генералниот конзул на Бугарија бил присутен во културниот центар „Иван Михајлов“ додека траел увидот во Битола, новиот министер Милков не смета дека неговото присуство таму било проблем.

Заменици министри ќе бидат двајца – Велислава Петрова, позната од претходната влада на Кирил Петков и вонредниот амбасадор во Украина досега, Костадин Којабашев. Според Николај Милков, Велислава Петрова направила многу во однос на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој), како и во однос на односите со Македонија. Шеф на кабинет ќе биде Светлана Стојчева-Европолски, поранешен амбасадор во Канада.

Би можело да ве интересира

Џамбаски: Во Скопје длабоко се лажат ако мислат дека е завршен мечот со Софија

Орце Костов

Османи: Обезбедуваме поддршка за Македонците во Албанија

Горан Наумовски

МНР: Ги отфрламе сите наводи дека се подготвуваат нови обврски за двете држави надвор од договорените

Ана Ололовска

Бугарскиот историчар Гоцев: Скопските Македонци се исплашија дека Европа ќе ја препознае бугарштината во Македонија

Орце Костов

Билатералниот протокол ќе се објави утре по средбата на амбасадорите на земјите-членки во Брисел

Орце Костов

Османи: Европската комисија отсекогаш била докажан партнер на земјава