Наскоро реконструкција на плочникот во Порта Влае

Од:

Во завршна фаза е подготовката на основен проект за партерно уредување – реконструкција на пешачка зона на станбено-деловниот комплекс Порта Влае.

По повеќе децении, информира Општина Карпош, конечно ќе започне обновата на плочникот кој се простира на површина од околу 13.500 квадратни метри.

Реконструцијата ќе се одвива во неколку фази, а по стартот градежните активности ќе се изведуваат во континуитет.

Покрај замената на горниот дел (плочникот), ќе се направи и целосна обнова на хидроизолацијата, со цел да се спречи протекување на вода во подрумските или гаражните делови.

– Овој плочник повеќе години е руиниран, иако претставува центар за движење и комуникација на повеќето граѓани кои живеат во Порта Влае, но и во околните населби. Постоењето на повеќе угостителски објекти и мали бизниси придонесува за зголемена фреквенција на плочникот, со што потребата за негова обнова е повеќе од потребна, велат од Општината.

Градежните активности, наведуваат, се очекува да започнат на почетокот на есента.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

Орце Костов

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира

(ВИДЕО) Велјановски: Со насилство се донесе буџетот на Општина Карпош